Голден Стејт вориорс рутински дојде до нова победа, овојпат против составот на Њујорк кој допатува значитeлно ослабен во Оукленд и сосема очекувано претрпе пораз од двоцифрена разлика (103-90). Никси на овој натпревар беа своите две најголеми ѕвезди, Кармело Ентони и Дерик Роуз, во чиешто отсуство не успеаја посериозно да му се заканат на вицешампионот. По три четвртини Голден стејт имаше 21 поен предност, за Њујорк дури во самиот финиш, по повлекувањето од игра на најдобрите домашни кошаркари, да ја намали разликата на попристојни 13 поени.
Победата беше лесна без оглед на слабото издание на Стеф Кари, кој постигна само осум поени (шут по поле 3/14). Главната ѕвезда на Голден стејт имаше и 10 скока и осум асистенции, а најефикасни кај „воините“ беа Томпсон со 25 и МекГи со 17 поени.
Сан Антонио неочекувано лесно ја освои Аризона, совладувајќи го на гостински терен Феникс со 92-107. Клучната разлика беше направена во последниот период што „мамузите“ го добија со 21-33. Најефикасни кај победничкиот тим беа Гасол и Леонард со по 18 поени, додека Девин Букер со 17 поени беше прв стрелец на Феникс на оваа средба.
НБА резултати:
Милвоки – Чикаго 108-97, Њу Орлеанс – Индијана 102-95, Феникс – Сан Антонио 92-107, Денвер – Портланд 132-120, Голден стејт – Њујорк 103-90.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)