| четврток, 6 декември 2018 |

Ова е најбогатата жена на светот

Педесет и осум годишната Американка, Кристи Волтон, вдовица на основачот на најголемиот ланец на супермаркети во САД,  оваа година ја понесе титулата за најбогата жена на светот како 10. на годинешната листа на „Блумберг“ од 100 најмоќни милијардери.

Богатството на вдовицата Волтон е проценето на 37,9 милијарди долари, а ги стекнала како вдовица на Џон Волтон, синот на Сем Волтон, основачот на „Волмарт“, најголемиот малопродажен ланец во светот.

Вдовицата Волтон во Волмарт поседува удел од 9,8 отсто, додека уделот на целото семејство Волтон изнесува 48 отсто, а располага и со удел од 29 отсто во компанијата “First solar”, американски производител на тенки панели и соларни плочи.

Компанијата не е во сопственост на семејството Волтон, туку е самостојна инвестиција на нејзиниот сопруг, којашто се покажала како доста исплатила и чие плодови сега ги жнее вдовицата.

Од бракот со сопругот Џин го има синот Лукас, членка е на Управниот одбор на Зоолошката градина Сан Диего и Музејот на природна историја на Сан Диего, живее во градот Џеклсон во американската сојузна држава Вајоминг и позната е по своите филантропски активности.

Од друга страна позната е по одбивањето да се приклучи на акцијата „50 отсто“ која ја покренаа Бил Гејтс и Ворен Бафет најпрвин меѓу американските, а потоа и меѓу светските богаташи.

Со оваа акција сите се обврзуваат дека додека се живи или после смртта ќе донираат најмалку 50 отсто од своето богатство  во хуманитарни цели.

Поради тоа претрпела големи критики, но ова нејзино одбивање може да значи дека сака да ја задржи својата слобода при одлучувањето за своите пари

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top