| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Нишани – Ахмети во Тирана

Албанскиот претседател Бујар Нишани синоќа имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со кого разговарале околу изборниот процес во Македонија и изборните резултати на политичките партии на Албанците.

Нишани, откако на Ахмети му ја честитал победата на ДУИ, го поздравил ангажирањето и придонесот на сите политички субјекти на Албанците во изборниот процес и процесот на демократизација и интеграција на Македонија.

– Албанија приоритет им дава на добрите меѓусоседски односи и партнерството со Македонија – изјавил Нишани, нагласувајќи го значењето на гаранитрањето на правата на Албанците во Македонија како државотворна компонента и гарант за стабилноста.

Двајцата соговорници искажале идентичен став дека процесот на евроатлантските интегративни процеси се од суштинско значење и претствуваат голем интерес за двете земји, но и регионот во целина.

Претходно, Ахмети се сретна со премиерот Еди Рама, како и со претседателот на Парламентот, Илир Мета, за кого стабилноста на Македонија е значајна за Албанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top