| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос: Балканот е дел од европското семејство

avram

Европскиот комесар за миграција, Димитрис Аврамопулос, изрази надеж дека Балканот во блиска иднина и институционално ќе биде дел од европското семејство и најави дека Европол наскоро ќе испрати офицери за врски во регионот на Западен Балкан.

Во авторски текст во „Блиц“, Аврамопулос оцени дека соработката е еден од клучните елементи на новата Европска гранична и крајбрежна стража и тоа е соработка која не се ограничува само на ЕУ, туку се фокусира на Европа.

– Било да е под притисок Македонија, БиХ, Албанија или Црна Гора, Европската гранична и крајбрежна стража сега ќе може да понуди дополнителна поддршка за прашањето со управување на границите. И тоа е причина што Европол наскоро ќе испрати офицери за врска во Западен Балкан за да се зајакне соработката и разменат информации за шверц на емигранти, истраги и активности во борбата против териризмот – наведува тој.

Причина е и желбата да се унапреди соработката во врска со спречување нелегална трговија со оружје во регионот.

– Западен Балкан е Европа. Заеднички ни се минатото и сегашноста, а заедничка ни е и иднината. Затоа е толку важно да се обзбедат и чуваат патувањата во ЕУ без визи за целиот западнобалкански регион- нагласи Аврамопулос.  Тој додава дека регионот мора да гледа во иднината.

– Патото може да биде само европски, пат кој води во напредок, просперитет, стабилност и мир. Тоа е вистинска желба и визина на сите народи во тој дел од Европа- нагласува Аврамопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top