Поранешниот кошаркар на „Езерџиите“ од Лос Анџелес, Ламар Одом повторно самиот доброволно се пријави на рехабилитација, откако одново не одолеа на пороците кои во минатото за малку и ќе го убиеја.
Проблемите на Одом започнаа по смртта на неговиот син Џејден. Новороденчето кое почина во 2006 од т.н. Синдром на ненадејна детска смрт (СИДС), вчера требаше да го прослави единаесетиот роденден. По семејната трагедија, носителот на двоен шампионски НБА прстен се оддаде на алкохол, проститутки и дрога, што мината година речиси го чинеше и живот.
Тоа го принуди на рехабилитација, која по се изгледа не била успешна, оти кусо потоа тој повторно им се врати на пороците. Дополнителен проблем за Одом периодов беше и разводот со ѕвездата од реалните шоуа, Клои Кардашијан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.