| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ќе прави увид во избирачкиот материјал за осмиот приговор на БЕСА

Членовите на ДИК едногласно изгласаа да се направи увид во избирачкиот материјал од избирачкото место 0396-1 во Гостивар, за кое е поднесен седмиот приговор на БЕСА. Тие го разгледаа записникот 16 од ова избирачко место во кој е ставена забелешка за постапката за гласање според која на местото на лице Фатиме Сулејмани претходно има гласано друг гласач. Членовите на избирачкиот одбор заклучиле дека жената сакала да гласа втор пар и не ѝ дозволиле повторно да гласа. Врз основа на членот 34 од правилникот, ДИК ќе ги повика претседателот и членовите на избирачкиот одбор за да ги сослуша и за да се расветли случајот дали има гласано друго лице. Од ДИК решија по сослушувањето да се направи симулација за тоа што би следувало ако се прифати приговорот. Означена е едночасовна пауза, по која ќе продолжи седницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top