Перфектен изборен ден, без никакви забелешки и какви било неправилности. Вака набљудувачите и членовите на избирачките одбори на гласачките места во селото Отља во скопско Липково, за кои Беса има поднесено приговори, го оценуваат изборниот процес на 11 декември, пренесува „Сител“.
И потпретседателот на избирачкиот одбор во едно од четирите избирачки места во Отља вели дека изборниот ден поминал без никакви притисоци
И Пешевски и Бакии се согласни дека приговорите се само политика. Пешевски додава дека преку изборно инженерство СДСМ и Беса сакаат да ја фалсификуваат волјата на граѓаните.
Според планот, СДСМ и Беса се договориле да поднесат приговори во изборните единици 2 и 6, каде што постојат шанси да му одземат по еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот е доколку ДИК овозможи прегласување, СДСМ да им даде инструкции на своите гласачи во двојката да гласаат за Беса, а во замена, новата албанска партија да го инструира своето гласачко тело во шестката да ја поддржи партијата на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)