| четврток, 6 декември 2018 |

Со 9 гласа против нe е уважен приговорот на Беса за Орланце

Со 9 гласа против не е уважен приговорот на Беса за Орланце.

Приговорот на Беса за изборачкото место 2339 во селото Орланце во општина Арачиново во ИЕ 2 е поднесен навремено на 13.12.2016 година, во 17.45 часот. Се однесува за вршење притисок во ходникот, член на избирачки одбор сликал неколку страни од Избирачкиот список за да извести кои гласачи треба да дојдат за гласање и ги испратил некому надвор, агитирање, јавно кажување за кого треба да се гласа. Постојано е вршен притисок врз гласачите и избрачкиот одбор не презел ништо, како и во претходните приговори, а забелешките на претставниците на Беса не биле земени предвид.

Овие забелешки не се наведени во записникот 16, ниту во записникот 21 што го изготвува општинскиот одбор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top