Реал Мадрид со победата на Клуб Америка од 2-0 ќе биде противникот на Кашима во финалето од Светското клупско првенство, кое се одржува во Јапонија.
Стрелци за „кралевите“ беа Бензема и Роналдо, а посебно внимание привлече голот на Португалецот бидејќи по вторпат на овој турнир беше побарана помош од видеотехнологијата. Имено, откако Роналдо го постигна голот, главниот судија нa мечот побара помош од видеотехнологијата да провери дали Португалецот беше во недозволена ситуација при примањето на топката.
Следуваше неколку секунди неизвесност, а потоа кочена одлука во полза на Роналдо и Реал Мадрид.
Исто така, вреди да се напомени дека овој гол на Роналдо е јубилеен, 500. во професионалната кариера, а 377. во дресот на Реал Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)