Македонските ракометни судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов се избрани за најдобра ракометна судиска двојка во светот, во изборот кој го организираше Светската ракометна федерација (ИХФ). Тие добија најмногу гласови и застанаа на врвот пред данската двојка Гјединг – Хансен и српските судии Стојковиќ – Николиќ.
Начевски и Николов оваа година беа дел и од ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, а се избрани како делители на правдата и на претстојното Светско првенство за мажи, кое ќе се одржи во Франција. Со ова тие ја продолжуваат непрекинатата серија на учества на најголемите ракометни натпреварувања уште од 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.