Поради огромната заинтересираност за гала-спектакалот „Балет на мраз“, се отвора дополнителна четврта претстава и тоа од 13 часот, в сабота на 17 декември во Македонската опера и балет.
„Балетот на мраз“ настапува првпат во Македонија откако има настапувано на најголемите балетски сцени во светот. Балетот го сочинуваат професионални лизгачи на мраз од државниот руски балет на мраз од Санкт Петербург, а овојпат во Скопје ќе го изведат „Лебедово Езеро“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.