Од тоа што можеше овде да се види на ова избирачко место имало 6 овластени претставници на политички партии, идентично заинтересирани како партијата БЕСА изборниот процес да се одвива во фер и демократска атмосфера. Ќе се согласите дека во текот на изборниот ден, до 19 часот, ниту една политичка партија не знаеше колку гласови ќе добие, за некој да премолчи за кој било да има предност, изјави Силвана Бонева на денешната седница на ДИК, по однос на приговорот од паријата БЕСА.
БЕСА откако ДИК ги објави мандатите поднеле приговор дека на избирачко место 233/1 не биле убаво напишани бројките на гласачките ливчиња од страна на ДИК и дека некој им ингерирал на дел од гласачи за кого да гласаат.
-Ако тоа било така, зошто тогаш овластениот претставник на БЕСА се потпишал на образецот 16, зошто тогаш претставниците на опозицијата се потпишаа и потврдија дека изборниот ден се одвивал регуларно и нема никаква забелешка. Зборувате за период по 19 часот кога почна процесот на броење гласачки ливчиња. Гласачи ливчиња не се сечени со ножици. Точно дека во повеќе немало ножици, а од нас ни беше наведено дека може да го искинат гласачкото ливче. Во однос на бројки на изборниот материјал, дека не биле јасни за гледање, апсолутно не се согласувам дека материјалот не бил нејасен. Уште повеќе се потврдува тезата дека ова не треба да е тезга на пазарење, роковите законот и треба да бидат почитувани од сите претставници – рече Бонева.
Факт се потпишале сите претставници на политичките партии, факт број два, додаде Бонева.
-Претставниците на БЕСА се потпишале дека сѐ е во ред. Приговорот е поднесен откако се знаеше бројот на мандати и затоа сметам дека приговорот е неоснован – заклучи Бонева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот