| четврток, 6 декември 2018 |

За првпат во историјата тројца браќа ќе се појават на залетиште на скијачка скокалница

petr-prevc

Скијачката јавност веќе е запозната со Петер Превц и неговиот брат Домен, кој победи во два наврати оваа сезона. Овој викенд на скокалницата во Енделберг, Швајцарија браќата од Словенија ќе испишат историја со приклучување на уште еден член од фамилијата, 20-годишниот Цана Превц.

За првпат во историјата на натпреварувањето дури тројца браќа ќе настапат на едно натпреварување на Светскиот Куп. Овој викенд покрај Петер и Домен, на скокалницата ќе се појави и нивниот трет брат Цана кој ќе го замени Јака Хвала.

Сепак, за настап во официјалните скокови в сабота Цана ќе мора да помине квалификации и да избори место во првите 40. Неговите браќа поради местото во генералниот пласман обезбедија директен пласман во борбата за бодови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top