| четврток, 6 декември 2018 |

Дополнителни проблеми за Сити, Гундоган го повреди коленото

gundogan

Манчестер сити прескапо ја плати победата над Ватфорд со оглед на сериозната повреда што ја зарлаботи Илкај Гундоган. Германскиот интернационалец, кој во последните две години има огромни проблеми со повредите, настрада при еден дуел во првото полувреме, се обиде да го продолжи мечот, но сепак мораше да биде заменет. Првичните прегледи донесоа лоша вест за Пеп Гвардиола, откако веднаш стана јасно дека повредени се лигаментите на коленото, поради што ќе следи пауза од неколку месеци од фудбалските терени.

– Победивме добар тим што игра дисцплиниран фудбал, но штета е што повторно останавме без Гундоган. Првите прогнози не се добри, проблемот е со лигаментите на коленото, што ќе значи нова повеќемесечна пауза – изјави Гвардиола по денешниот триумф.

Повредата доаѓа во најлош момент, во пресрет на гостувањето на „граѓаните“ против Арсенал претстојниот викенд, меч за кој Гвардиола на располагање ќе ги нема ниту суспендираните Агуеро и Фернандињо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top