Синоќа се комплетираше 16. во Премиер лигата.
Лидерот на табелата во Премиер лигата, тимот на Челси, го продолжи својот победнички чекор и на гостувањето против Сандерленд. „Сините“ од Лондон славеа со 0-1, со голот на Цеск Фабрегас во 40.минута и ја задржаа предноста од шест бода во однос на Ливерпул.
Ливерпул се врати на победничките патеки со гостинската победа кај Мидлсборо од 0-3. Адам Лалана беше двоен стрелец, додека во листата се запиша и Дивок Ориги.
Тотенхем исто така со 3-0 славеше над Хал сити. Ериксен го отвори резултатот, во вториот дел зголеми и на 2-0, а Ванјама го постави конечниот резултат.
Манчестер сити освои три бода со триумфот над Вафторд од 2-0.
Забалета беше стрелец на првиот погодок за „граѓаните“, а победата ја потврди Давид Силва во завршницата од мечот.
Манчестер јунајтед стигна до значаен триумф (1-2) на гостувањето против Кристал Палас. Пол Погба постигна гол во последните моменти од првото полувреме, но Мекартур успеа да израмни во вториот дел.
Сепак, Златан Ибрахимовиќ со голот во 88.минута донесе значајни три бода за тимот на Жозе Мурињо.
Резултати Англија: Мидлсборо – Ливерпул 0-3, Сандерленд – Челси 0-1, Вест Хем – Барнли 1-0, Кристал Палас – Манчестер јунајтед 1-2, Манчестер сити – Ватфорд 2-0, Стоук – Саутемптон 0-0, Тотенхем – Хал сити 3-0, ВБА – Свонси 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.