Дваесет и деветгодишен Украинец ги убил својот вујко(68) и вујна (51), како и нивниот возрасен син во стан во Киев. После тоа, тој со нож ги распарчил нивните тела и ги ставил во лонец за да направи гулаш.
Кога полицијата го открила, извршил самоубиство моменти пред специјалците да влезат во станот. Украинската полиција истражува дали неговите роднини се единствените жртви.
– Кога влеговме во станот видовме делови од тела во канти и во лонци. Она што го зготвил, го спакувал во конзерви. До нашето доаѓање успеал да наполни неколку конзерви – изјавил шефот на киевската полиција Андреј Кришенко.
Канибалот е откриен откако соседите на убиеното семејство забележале дека ги нема со денови, а од нивниот стан се шири непријатна миризба.
Покрај остатоците на тројцата убиени, полицијата пронашла и маж со неколку куршуми во глава, но за чудо, се уште жив. Мажот, сепак, починал на патот кон болница.
На местото на злосторството пронајдени биле сва пиштола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка