Видеоиграта „Покемон гоу“, која за кратко време стана хит на целата планета, ќе добие и своја голема надградба, но, сепак, ризикува да го загуби тронот.
Популарниот лов на покемони почна да опаѓа од јули годинава, па креаторите на играта најавуваат мерки за заживување на глобалниот феномен.
Популарноста на „Покемон гоу“ драстично опада и од врвот на листата на најпопуларни игра е симната од други апликации, а во исто време многу играчи прекинаа да трошат пари за оваа игра.
Сепак, некои аналитичари велат дека играта и натаму има голема база на играчи и дека станува збор за мобилната игра со најбрз раст.
Надградбата, кој ја изработи американската фирма „Ниантик“ опфаќа нови покемони, меѓу кои се Тоџеп и Пику, а новина е и божикната шапка на Пикаку.
Шапката е ограничена и ќе може да се лови само до 29 декември. Од компанијата нема детали дали ќе биде можна „размена“ на ликовите.
Покемоните донесоа милиони, но добија и конкуренција во играта „Супер Марио“ на „Нинтендо“, која би требало да биде достапна на „ајфоните“ од денеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.