| четврток, 6 декември 2018 |

Норвешката премиерка повторно се заигра: Покемоните поважни од пратениците

Норвешката премиерка Ерна Солберг повторно ловеше покемони овој пат среде дебата на седница на парламентот.

Премиерката  голем фан на Покемон Го. Претходно ловеше покемони во Словачка, каде на пауза меѓу два состанока со телефонот ловеше чудовишта во стариот дел на Братислава. Лидерката на конзервативната партија за медиумите рече дека се обидувала да фати многу редок покемон.


Додека останатите политичари нејзиното однесување во парламентот го опишаа како непочитување, стекна и симпатии, барем кај лидерката на Либералната партија, Тим Гранда, која токму во тој момент била на говорницата. А и Гранда во август беше „фатена“ како игра игри за време на состанокот за национална безбедност.

Откако беше објавена фотографијата на премиерката, Гранде на Твитер напиша: „Таа слушна што зборев, ние дамите можеме да правиме две работи истовремено“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top