| четврток, 6 декември 2018 |

Она што не успеа да го спроведе преку Заев, Сорос го турка преку Рама

Федерализацијата е отворената карта на Заев, зад која стојат и туторите и финансиери на сите активности од блокот на Сорос, па на крај и дел од меѓународната заедница на кој, благо речено, таквиот проект би им го затворил „македонското прашање“ еднаш засекогаш

Нема сомнежи дека не се случајни ненадејната средба на директорот на ЦИА Џон Бренан со албанскиот премиер и брзо-брзо закажаната средба на Рама со лидерите на албанските партии во Македонија и тоа во екот на изборниот процес во Македонија.

Очигледниот неуспех на изборите на Зоран Заев го активира џокерот на Сорос. Еди Рама стапува на сцена во клучен момент, кога народот со гласање, а ДИК со верификување го потврди поразот на СДСМ на предвремените парламентарни избори во Македонија.

Рама, како близок човек на Сорос, но и голем должник, има задача да ги „вразуми“, но и да ги „потсети“ албанските лидери во Македонија, кои ќе треба да преговараат со победничката партија за коалицирање во власта дека нивната агенда е разнебитувањето на Македонија. Дејствувањето на Рама нема цел исполнување на интересите на Албанците, туку остварување на лични интереси.

FINANCIER GEOGE SOROS VISITS TIRANA

Многу луцидно, но многу провидно за која матрица се работи Рама застана на иста линија со Заев и ги потврди неговите тези за излегување од рамката на Охридскиот договор. Маскирајќи ги личните интереси зад албанските, Рама не дозволи поразот на Заев да го разочара албанскиот електорат и уште еднаш го подгреа големоалбанскиот сон дека Албанците се еднакви со Македоците во Македонија.

Со оглед дека Македонија се наоѓа на крајот на изборниот процес, јас им честитам на сите избрани без исклучок, и особено на Албанците. Тие треба да најдат сила да ја унапредат заедничката агенда за да се постигне квалитетен демократски соживот на албанските и македонските граѓани. На врвот на нивната агенда треба да биде Охридскиот рамковен договор и заеднички едногласно да побараат програмата на новата влада да поставена во рамките на Охридскиот договор. Албанските партии во Македонија си имаат свој идентитет и своја проглрама, тие не се обрзани да согласуваат една со друга за се или да бидат соединиети во еден блок, но се бара да застанат на страната на интересите на сите Албанци и заеднички да настапат во интерес на она што е неделиво, а тоа е принципот на еднаквост меѓу двата народа, целосна слобода, права и обврски во контекст на македонската држава, им порача Рама на албанските партии.

Овие тези искажани од страна на премиер на друга држава претставуваат грубо мешање во внатрешната политика на една суверена земја, како што е Република Македонија. Сепак, на Рама не му е првпат да се меша во внатрешните работи на нашата земја. Тој не треба да заборави дека Албанците во Македонија имаат многу поголеми права од Македонците во Албанија и се додека користи фашистички методи кон Македонците во Албанија, не остава простор да зборува за еднаквост меѓу народите.

Албанскиот премиер е познат по своите радикални ставови и мешање во внатрешните работи на Македонија. Тој дури и се закани дека слично како Грција и Албанија може да постави вето за приемот на земјата во НАТО.

Македонија ќе биде членка на НАТО ако целосно се спроведе Охридскиот рамковен договор. Со повеќе упорност и интензитет се трудиме да и го отвориме патот на Македонија кон НАТО. Но, факт е дека е потребен притисок кон двете страни да се реши спорот за името и поважното, владата во Скопје да го почитува Рамковниот договор,изјави Рама на последниот самит на НАТО во Велс.

Сорос спасува, 70.000 Албанци му дишат во врат на Заев

kol223-2-zaev-alb

ДИК на чело со партискиот кадар на СДСМ, Александар Чичаковски, „независиот“ набљудувач на изборниот процес „Мост“, состанокот свикан во Тирана, на кој Еди Рама се сретна со албанските лидери во отсуство на Али Ахмети, се последните обиди да се спаси нешто по изборниот неуспех на СДСМ. Тука не смее да се превиди и моќната врска меѓу албанскиот свет и Сорос во Македонија, Владимир Милчин, кој за своите заслуги беше одликуван од страна на претседателот на Косово, Хашим Тачи, повторно, случајно или не, во предвечерјето на изборите во Македонија.

Милчин и Сорос со косовско одликување за заслуги на церемонијата за благодарност кон УЧК

Сепак, клопчето се размотува, а на површина излегуваат многу пари и многу ветувања. Цела армија од 70.000 прелажани гласачи му дише во вратот на Зоран Заев. Мухамед Зекири веќе испрати јавно предупредување до Заев дека не се нафатил на проект кој е осуден на неуспех. А Заев изгуби на изборите, со што ги врати на почетокот сонувачите со големоалбански аспирации, кои мислеа дека се на чекор до целта.

zaev zekiri

Изборите на 11 декември беа мерило за патриотскиот полнеж на македонскиот народ и за неговата решеност да му се спротивстави на планот за распарчување на Македонија, кој е до детали разработен во предавничкото дувло на „Бихаќка“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top