Јапонскиот претставник, Кашима Антлерс, на изненадување на сите фудбалски фанови е првиот финалист на Светското клупско првенство. Во денешното полуфинале Кашима со убедливи 3-0 го совлада колумбиски Атлетико Насионал, но сепак овој дуел по нешто друго ќе биде запишан во фудбалската историја.
Имено, при резултат од 0-0 главниот судија Виктор Касаи не го забележа стартот на Бериј над Ниши, но по 44 секунди откако ја погледна снимката досуди пенал за Кашима.
Оваа правило e експеримент на ФИФА и за првпат е применето на ова првенство. Јапонскиот тим во финалето ќе се сретне со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Реал Мадрид и Клуб Америка, кој ќе се одигра утре со почеток од 11.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)