Во женскиот тенис дозволена е комуникација меѓу натпреварувачките и нивните тренери, додека на турнирите од машката конкуренција е забрането, и играчите кои за време на еден меч комуницираат со своите тренери кои се во публиката добиваат опомена и не ретко и парична казна.
Тоа може да се смени во 2018 година, па тренерот на тенисерот може за време на паузата меѓу гемовите или сетовите да се симне доле на теренот и да му даде некој совет за продолжение на мечот. Новото правило би се однесувало за сите турнири освен за грен-слемовите.
Има и такви тенисери на кои ваквата промена не им се допаѓа, а еден од нив е и кралот на тенисот, Роџер Федерер.
– Се надевам дека ваквата промена ќе се случи откако јас ќе се пензионирам. Тавко нешто не е потребно и не е праведно. Немаат сите тенисери пари за тренер. Се е тоа аматерски и се надевам дека брзо ќе се откажат од таа идеја – дециден е најдобриот тенисер на сите времиња.
Во минатото неговите најголеми конкуренти Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал многу често разговараа со своите тренери и не ретко беа и парично казнувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.