| четврток, 6 декември 2018 |

Челси веќе најде замена за Оскар, Ди Марија од лето на „Стенфорд Бриџ“?!

anhel-di-maria

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија следната сезона би можел да се врати во Премиер – лигата. Тој игра под очекувањата во дресот на ПСЖ на стартот од овој шампшионат во Франција, па се засилија шпекулациите за негово заминување. Од друга страна, менаџерот на Челси, Антонио Конте е голем фан на неговата игра и смета дека Ди Марија би бил огромно засилување за неговиот тим доколку пристигне на „Стемфорд бриџ“.

Откако не успеа да го задржи Квадрадо, кој се врати во Јувентус, Конте го посакува Ди Марија како значајно освежување за крилните позиции. Засега само Педро е играчот кој може да одговори на неговите барања, иако одличен оваа сезона е и Виктор Мозес, но тој сепак не е профил на врвен офанзивен играч по страничните позиции.

Ди Марија би го чинел Челси околу 50 милиони фунти, сума што лондонскиот клуб може да ја обезбеди од продажбата на Оскар во Кина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top