Понекогаш, од желба да се покаже уникатност, вкус и префинетост, луѓето прават кобни грешки со уредувањето на домот. Најчесто не се внимава кога се избира од каталозите – она што е убаво на фотографијата не значи дека ќе се вклопи во просторот што го уредувате.
Боите за ѕидови во каталозите се рекламираат многу внимателно, во комбинација на соодветно светло и во посебен амбиент. Затоа, пред да се прејдете, купете мало количество од бојата што сте ја избрале и бојосајте мала површина за да видител дали таа боја му одговара на вашиот простор.
Мермерни работни површини во кујната изгледаат одлично и скапо, но маките почнуваат кога ќе се појават флеки од масло, бигор, како и гребаници. Кварц и импровизирани дрвени дизајни се многу попаметен избор.
Шик тапациран кауч изгледа како сосема добра идеја, но брзо станува здодевен до ниво на неподносливост. Така, наместо да експериментирате со каучот, купете шарена прекривка или перничиња.
Бушавите теписи изгледаат меко и топло, но хоророт почнува кога ќе дојде на ред нивното чистење и одржување.
Белата боја остава впечаток на чистина и вкус, сè додека мебелот не почне да ја менува бојата поради најразлични причини, без разлика колку се вложува во чистењето и хигиената на домот.
Деталите треба да останат токму тоа – детали. Ако почнете да натрупувате детали, создавате кич.
Изборот на собните растенија исто така е важен. Пред да се купи некое цвеќе, добро е да се истражи дали домот ги има потребните услови за тоа цвеќе да опстане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.