Во текот на денешниот неделен ден продолжува нестабилната атмосфера над нашата територија, објавува Славчо Попоски, на „Метеомакс“.
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Во попладневните и во вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Повторно локално процесите можно е да бидат понитензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.