| четврток, 6 декември 2018 |

Уредување на домот: Премногу „по вкус“ преминува во невкус

Понекогаш, од желба да се покаже уникатност, вкус и префинетост, луѓето прават кобни грешки со уредувањето на домот. Најчесто не се внимава кога се избира од каталозите – она што е убаво на фотографијата не значи дека ќе се вклопи во просторот што го уредувате.

Боите за ѕидови во каталозите се рекламираат многу внимателно, во комбинација на соодветно светло и во посебен амбиент. Затоа, пред да се прејдете, купете мало количество од бојата што сте ја избрале и бојосајте мала површина за да видител дали таа боја му одговара на вашиот простор.

1-soveti-za-domot

Мермерни работни површини во кујната изгледаат одлично и скапо, но маките почнуваат кога ќе се појават флеки од масло, бигор, како и гребаници. Кварц и импровизирани дрвени дизајни се многу попаметен избор.

2-soveti-za-domot

Шик тапациран кауч изгледа како сосема добра идеја, но брзо станува здодевен до ниво на неподносливост. Така, наместо да експериментирате со каучот, купете шарена прекривка или перничиња.

saren-kauc

Бушавите теписи изгледаат меко и топло, но хоророт почнува кога ќе дојде на ред нивното чистење и одржување.

tepih

Белата боја остава впечаток на чистина и вкус, сè додека мебелот не почне да ја менува бојата поради најразлични причини, без разлика колку се вложува во чистењето и хигиената на домот.

5-soveti-za-domot

Деталите треба да останат токму тоа – детали. Ако почнете да натрупувате детали, создавате кич.

6-soveti-za-domot

Изборот на собните растенија исто така е важен. Пред да се купи некое цвеќе, добро е да се истражи дали домот ги има потребните услови за тоа цвеќе да опстане.

7-soveti-za-domot

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top