Повторно Бауцен, повторно напад врз центарот за бегалци – непознати лица фрлиле шишиња со запаллива течност по зградата во која се сместени азилантите во Германија, објави весникот Шпигел.
Вкупно четири шишиња со “Молотови коктели” биле фрлени на зградата, а две од нив се разбиле и ја погодиле целта, но без да нанесат сериозни оштетувања, објаснија од полицијата во малиот саксонски град.
Петтото шише било оставена кај оградата на центарот. Според властите извршителите на нападот се тројца.
Во инцидентот, кој бил констатиран наутро, нема повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.