| четврток, 6 декември 2018 |

Атлетико три месеци без првиот голман – Јан Облак мора на операција

oblak

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак, поради повреда на рамото ќе мора да оди на операција, поради што ќе отсуствува од тимот најмалку три месеци.

Словенецот се повреди на вчерашниот натпревар против Виљареал, во финишот на полувремето, кога со лоша интервенција му овозможи на Дос Сантос да го постигне вториот гол.

Облак оваа сезона во Примера остана несовладан на седум од 15-те натпревари, а според прогнозите тој поради повредата ќе ги пропушти осминафиналните натпревари со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top