| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го избра екс гувернерот на Тексас, Рик Пери, за нов министер за енергетика

perryrick_121316getty

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра поранешниот гувернер на Тексас, Рик Пери, за нов прв човек на Секретаријатот за енергетика, јавија британските медиуми, повикувајќи се на извори од транзицискиот тим на Трамп.

На овој начин Пери ќе стане задолжен за владината агенција за која, во текот на трката за републикански претседателски кандидат во 2012 година, рече дека треба да згасне, потсетуваат светските агенции. Изборот на Пери ги загрижи активистите за заштита на животната средина, но ги израдува претставниците на индустријата која сака да го проширува производството на нафта и гас. Секретаријатот за енергетика е одговорен и за американската нуклеарна програма.

Пери од 2000 година беше гувернер на Тексас, водечката американска држава во производството на нафта, а беше и жесток критичар на Трамп пред да се откаже од годинешната трка за републикански претседателски кандидат. Трамп, исто така, имаше груби зборови за Пери, како оние „дека става очила за луѓето да мислат дека е паметен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top