| четврток, 6 декември 2018 |

Затворена Ајфеловата кула

%d0%b0%d1%98%d1%84%d0%b5%d0%bb

Ајфеловота кула, која вообичаено работи секој ден во годината, е затворена денеска поради штарајкот на вработените кои се жалат на ниските примања и лошите услови за работа.

Компанијата „СЕТЕ“ која управува со кулата, се извинила на посетителите и соопшти дека во тек се преговори меѓу менаџментот и вработените, со цел да се најде решение.

Претставник на компанијата наведе дека вработените се одлучиле за штрајк по денешниот состанок на кој дошло до несогласување за платата и условите.

Ајфеловата кула, која привлекува милиони туристи годишно, е затворена во период кога Париз се обидува да го оживее туризмот по терористичкиот напад, поплавите и протестите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top