Вчеравечер во 23.30 часот во Гостивар на ул. „Сретко Крстески“, од страна на полициски службеник, кој бил на редовна работа, биле слушнати неколку истрели од огнено оружје испукани од непознато лице.
Увидна екипа од гостиварската полиција излегла местото на настанот и пронашла два истрелани куршума од кои еден на улицата и втор под автомобил „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки. Куршумите биле подигнати за натамошна постапка.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.