| четврток, 6 декември 2018 |

„Жолтата подморница“ со три торпеда го уништи Атлетико Мадрид (видео)

viljareal

Вилјареал триуфираше над Атлетико Мадрид (3-0) и направи чекор напред кон водечките екипи. Резултатот во синоќешниот натпревар „Ел Мадригал“ беше отворен после катастрофалната грешка на одбраната на „јорганџиите“, топката ја прифати Тригуерос, кој непречен од никого во 28-та минута, ја смести во мрежата на Атлетико Мадрид.

Гостинската екипа се закани две минути подоцна, преку Гризман, чиј шут беше одбранет од голманот Асенхо, а во 38-та минута, резултатот веќе беше 2-0. На избиената топка налета Дос Сантос и рутински ја смести во противничката мрежа.

На почетокот од второто полувреме, тимот од Мадрид имаше убава можност, но топката на Хуанфран ја исфрли од шеснаесетниот голманот на Вилјареал. Во 77-та минута, Гризман беше повторно во можност да го намали резултатот, но неговиот удар беше блокиран и до крајот на мечот „јорганџиите“, не успеаја да постигнат почесен погодок. Во последните минути од натпреварот, Роберто Сориано постигна прекрасен погодок и го постави конечниот резултат (3-0)

Со ваков резултат, Вилјареал се искачи на четвртото место, додека пак тимот на Диего Симеоне падна на шестата позиција со 25 освоени бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top