Белградската полиција интензивно трага по манијакот, кој деновиве го држи Дорчол на штрек. Мажот, кој шета по улиците и напаѓа жени, изврши неколку напади со солна киселина.
Како што информираат српските медиуми, неколку жени до сега се повредени и завршиле во болница.
Манијакот, наводно шетал по улиците во раните утрински часови и носел киселина со која им приоѓа на жртвите од зад грб и ги прска со неа. Некои успеале да побегнат и да се одбранат, некои поминале со изгорена облека, додека некои за жал немале среќа и завршиле во болница.
Последниот напад, како што информира српски „Курир“, се случил во неделата наутро, кога една девојка го чекала момчето пред влез. Напаѓачот и пришол од зад грб, ја покрил нејзината уста со марамче и и ја ставил киселината на главата и телото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Ја приклештил до стаклото и допирал насекаде, додека другите гледале: Фатен манијакот кој напаствувал девојче!