| четврток, 6 декември 2018 |

Осумдесетгодишната стјуардеса која продолжува да лета на небото

Бет работи како стјуардеса веќе 60 години, и тоа за истата авиокомпанија. Таа започнува со работа кога има 21 година, кога билетите биле само 12 долари, а резервациите на местата не биле задолжителни.
stjuardesa2

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Дамата вели дека ја обожава својата работа, а највозбудливото и прекрасно нешто во неа е дека секој ден се запознава со нови луѓе и успева да им помогне на некој начин.

Нејзината рута е од Вашингтон до Бостон и таа вели дека веќе има патници кои ја прегрнуваат и бакнуваат кога ќе ја видат бидејќи патуваат често и веќе станале добри пријатели.

-Навистина ги сакам редовните патници и сум приврзана кон нив, но сакам да запознавам и со нови луѓе – вели таа.

Бет започнува со работа во 1957 година.

-Кога почнав со работа, летањето со авион беше вистински луксуз, се служеше храна со бели ракавици – објаснува осумдесетгодишната стјуардеса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top