Македонската опера и балет продолжува со веќе востановената практика од почетокот на оваа сезона, за презентација на наши и странски уметници, низ формата на рецитали. Во четврток, 15.12.2016 г. во Фоајето на МОБ, со почеток во 20 часот, рецитал ќе одржат Либуше Санторисова-сопран од Чешка и Алексеј Шаповалов-баритон од Русија
На програмата ќе ги проследниме следните творби:
П.И.Чајковски-арија на Роберт од операта ,,Лоланта“, Алексеј Шаповалов
А.Дворжак-арија на Русалка од операта ,,Русалка“, Либуше Санторисова
П.И.Чајковски-арија на Онегин од операта ,,Евгениј Онегин,“, Алексеј Шаповалов
П.И.Чајковски-ариозо на Онегин од операта ,,Евгениј Онегин,“, Алексеј Шаповалов
П.И.Чајковски-арија на Татјана од операта ,,Евгениј Онегин“, Либуше Санторисова
К.Пилиев-арија на Коста од операта ,,Коста Хетагуров“, Алексеј Шаповалов
П.И.Чајковски -дует на Татјана и Онегин од операта ,,Евгениј Онегин“, Либуше Санторисова и Алексеј Шаповалов
Пијано придружбата е на Дино Имери, а режисер на рециталот е Дејан Прошев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.