Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој ја предводи и победничката Коалиција за подобра Македонија, им се обрати на граѓаните кои откако ДИК ги објави и официјално мандатите, спонтано се собраа пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ за да ја прослават победата. Груевски се симна меѓу народот за да си ја честитаат победата, но иако се очекуваше обраќањето да биде пред штабот, од технички причини немаше можност за тоа.
Претседателот се заболагодари за поддршката и повтори дека оваа тесна победа е голема победа за Македонија. Со ова треба да ` се стави крај на кризата која две години не истоштуваше и не дозволуваше Македонија самоуверено да чекори напред.
ВМРО-ДПМНЕ продолжува по истиот пат, да обезбеди подобар живот за сите во Македонија, со нови инвестиции и нови вработувања.
Македонија вечерва ја прославува 10-тата јубилејна победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Откако и ДИК ја потврди победата, која се случи по двегодишна тешка криза, граѓани, симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ победата ја прославуваат на плоштадите во сите градови во државата.
Победи ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата, победи и Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори имаше исклучителен тежок противник затоа што тоа не беше само СДСМ и тоа сите го знаете и затоа оваа победа има посебна тежина и важност, особено ако се погледне низ што се минавме минатите 2,5 години и како партија и како држава, оцени Груевски.
Ова е 10-та изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и десетти пат по ред мнозинството граѓани гласаа и со најголем број гласови го поддржаа ВМРО-ДПМНЕ и програмата, визијата, тим и начинот на кој што ВМРО-ДПМНЕ работи и сака да продолжи да работи. Ќе работиме оваа подршка да ја што ВМРО-ДПМНЕ оправдаме и да не ги изневериме, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заблагодарувајќи се на сите гласачите, како и на членството на ВМРО-ДПМНЕ и на членовите на сите партии во коалицијата.
-Кризата мора да заврши и Македонија мора да оди напред, тоа ќе биде наша цел овие денови и недели- оцени Груевски, кој најави процес на формирање коалиции и влада.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија секогаш ќе бидат со народот со граѓаните и ќе работат во корист на државните и националните интереси, нагласи Груевски.
-Како и да се свртат работите, што и да се случува, ова го кажуваме и пред, а сакам да го кажам и после изборите, дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и ќе остане на линијата на државните и национални интереси и во корист на граѓаните на Република Македонија- порача Груевски.
Во текот на утрешниот ден се очекува да се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и да го профати поразот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)