Атрактивната пејачка Никол Шерцингер пристигнала поднапиена на финалето на британскиот „Икс-фактор“, каде е дел од жирито. Таа дури и имала проблем при излегувањето на сцената, но за нејзина среќа тука биле останатите членови од жирито да ја придржат.
Во текот на целата емисија неконтролирано се смеела, а кога нејзиниот ученик Мет Тери, кој ја однел победата, излегол на бина, Шерцингер не можела да ги контролира солзите.
“Ти си причината поради која се вратив во Британија и “X Factor””, одвај изговорила Никол, а потоа заплакала. Пејачката му се приклучила на својот пулен на бината, па во дует ја испеале песната “Purple Rain”.
Како што пренесуваат британските медиуми, Шерцингер во гардеробата испила неколку пијалаци пред да излезе на сцената, па целото време била “под гас”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)