Повеќе од 8 часа нема ни трага ни глас од претседателот на ДИК Александар Чичаковски, пренесуваат членови на Државната изборна комисија.
Чичаковски на пладне заминал дома да одмори и рекол дека ќе се врати до 19 часот и на прес конференција ќе ги верифицира пратеничките мандати (51 за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ), но оттогаш целосно му се губи трагот.
– Се обидовме да го добиеме преку телефон, скоро сите членови му вртевме и на двата телефонски броеви кои ги има, но тој не одговара. Се обидовме да го добиеме и преку неговата сопруга но таа ни вели дека тој воопшто не се појавил дома – вели членот на ДИК за Вечер.
Тој додава дека уште од утринава, Чичаковски се однесувал чудно, како да бил под некаква закана.
– Беше чудно што на сред работен ден замина да одмара а и од утринава имаше многу чуден израз на лицето – како да се плашеше од нешто. Се плашиме дека некој го киднаирал за да не ги објави мандатите јавно, ако не не контактира наскоро размислуваме случајот да го пријавиме во полиција – вели изворот од ДИК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.