| четврток, 6 декември 2018 |

Народот чека мандати, Чичаковски заминал да спие?

Крајно време е ДИК да ги објави резултатите од парламентарните избори и да ги објави мандатите, јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална победа со значителна разлика, повика денеска ВМРО-ДПМНЕ. Загрижени сме, посочи Влатко Ѓорчев,  дека претседателот на ДИК, Чичаковски, денеска на пладне си заминал со објаснување дека „мора да оди да спие“ од 12 до 19 часот, на денот кој што е најважен еднаш во четири години кога треба да си ја заврши работата.

– Чичаковски да каже дали во меѓувреме навистина спиел или заминал некаде на консултации и средби? Заминување од 7 часа од местото каде што тој треба да ги констатира гласовите, да ја констатира волјата на граѓаните на РМ, е навистина индикативно- посочи Ѓорчев.

dik-rezultati-topСпоредувајќи со работата по изборите во многу побројните држави, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека сродните комисии на ДИК броеле гласови на 70,80 милиони жители, па и 300 милиони жители, со резултати кои биле многу по тесни за неколку илјади гласа и многу по блиски, па по неколку часови ги објавуваат резултатите.

dik-rezultati-crvena

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top