| четврток, 6 декември 2018 |

Во Парламентот влегуваат една македонска, четири албански и една проалбанска партија

Сите симулации по вчерашните избори направени според донтовиот модел, победник на изборите е ВМРО-ДПМНЕ со освоени 51 пратенички мандат.

По тоа следат СДСМ, со 49 мандати, ДУИ со 10, БЕСА со 5, „Алијанса за Албанците“ освои 3 мандати, а ДПА два пратенички мандати.

8

Имајќи предвид како СДСМ стигна до овие 49 пратенички мандати, но и што од СДСМ ветија дека ќе се заложат и со каква стратегија партијата присвои 70.000 албански гласови; во следниот парламент на Република Македонија ќе седнат пратеници од  четири албански партии, како и од СДСМ чии што пратеници според ветувањето ќе застапуваа проалбански ставови.

Со тоа, во работењето на следниот пратенички состав,  македонските национални интереси ќе ги застапуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, додека за албанските национални интереси ќе се борат пратеници од четири албански и една проалбанска партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top