| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК: Конечните резултати најдоцна до 19 часот

Конечните резултати и симулацијата на освени пратенички мандати се очекува Државната изборна комисија да ги објави најдоцна до 19 часот. Портпаролката на ДИК Љупка Гугутчевска вели дека во моментов се врши примопредавање на материјали и оригинални записници од општинските изборни комисии на ДИК по што треба да ги верификува.

Во просториите на комисијата се уште има претставници на комисиите кои чекаат да го предадат доверливиот материјал. Рокот за приговори е 48 часа по објавувањето на првичните резултати, односно од објавувањето на последната прес конференција која беше оддржана во 3 часот по полноќ.

Според досегашните објавени резултати, бројчаникот на ДИК застана на 99,7 проценти од 3.514 од вкупно 3.524 избирачки места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top