| четврток, 6 декември 2018 |

Хаотична ситуација во ДИК; Се врши ли притисок за ист број на мандатите?

Хаос владее во Државната изборна комисија. Се уште не се објавуваат резултатите од институцијата која е најзадолжена за спроведување и за сумирање на конечните резултати од предвремените парламентарни избори, како и за распоредот на пратенички мандати.

Отворено се поставува прашањето во јавноста: дали во ДИК се врши некаков притисок за „штелување“ и „балансирање“ на резултатите за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да имаат еднаков број на мандати?

8Според ДИК, пресметани се сите гласови од изборните единици во Македонија, тоа што ја прави разликата до 100 процентна пресметка се 0,28 проценти од гласачките места во дијаспората, што сега  и онака не прави разлика во пратеничките мандати.

Според 100 процентно преброените гласови од шесте изборни единици, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ победија на предвремените парламентарни избори одржани вчера. ВМРО-ДПМНЕ освои 452.709 гласа, а опозициската коалиција предводена од СДСМ освои 436.469 гласа.

1Математиките и симулациите направени според официјалните бројки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, додека СДСМ два помалку, односно 49. Сепак, ДИК од нејасни причини калкулира со соопштувањето на официјалните резултати и официјално да соопшти каков е соодносот на пратенички амндати.

2-Во ДИК е хаос во моментов. Почнуваме да ги пробиваме законските рокови за постизборните процедури што треба да ги спроведе Комисијата. Постапката на доставување на записниците од Општинските изборни комисии е во тек, уште трае. Но, како што стигаат, се утврдува несовпаѓање со електронските податоци на ДИК. Никој не кажува кај е киксот. Никогаш не се случило ние да немаме официјални и конечни резултати до 13 часот утредента по секои избори- велат за порталот СДК извори од ДИК.

3Јавноста отворено посочува дека во ДИК се врши притисок за можна промена во бројот на освоени пратенички мандати. Неофицијално, наводно има можност за интервенција во ИЕ6 со што ВМРО-ДПМНЕ ќе загуби еден пратеник, кој би отишол на контото на СДСМ и со тоа да се создаде перцепција дека опозициската партија не е поразена на изборите и покрај евидентната разлика од 20.000 гласови.

4Исто така, нејасно е дали во моментов во ДИК, каде владее хаос, има престатвници на ОБСЕ/ОДИХР и истите имаат увид во целосната ситуација. ДИК речиси 24 часа веќе не успева да собере податоци, иако станува збор за само уште 10 избирачки места од дијаспората, каде се гласаше во саботата. Процентот на обработени податоци веќе со часови е замрзнат на 99.72.

5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top