| четврток, 6 декември 2018 |

„Борутинг“: Словенците го исмејуваат претседателот поради фотографија

borut
Илјадници лајкови за само неколку дена собрала Фејсбук групата „Борутинг“, чии членови, инспирирани од минатонеделната фотографија, која на Инстаграм ја објавил словенечкиот претседател Борут Пахор, објавуваат фотографии со жален израз на лицето на некои скали или огради.

При својата неодамнешна официјална посета на Каиро, Пахор на Инстаграм објавил фотографија на која со меланхоличен израз на лицето порачува „Од Каиро, со носталгија“, со хаштаг #domotozje (носталгија) и #ljubodoma (најубаво е дома), во необична поза – со главата потпрена на мермерната ограда во раскошен хотел во Каиро, пишува Јутарњи лист.
Тоа, судејќи по реакциите на социјалните мрежи, меѓу Словенците за само неколку дена предизвикало масовно хипстер-движење, односно тренд наречен „Борутинг“, при што „да се боруташ“ значи да се фотографираш со жален израз на лицето покрај некоја ограда, и тоа да го објавиш на некоја социјална мрежа.

-Реакциите на фотографијата на претседателот се многу симпатични и искрени, но чудно е дека таа предизвикала повеќе интерес од разговорот на претседателот со египетскиот претседател Абдула Фатах ал Сиси – рекле од кабинетот на Пахор, по молбите да ја прокоментираат појавата „Борутинг“ на социјалните мрежи.

„Борутингот“ сега некои го осудуваат како невкусно потсмевање на сметка на претседателот, други пак тврдат дека тој на вешт начин преку социјалните мрежи комуницира со јавноста, што е важно бидејќи следната година на изборите ќе се бори за својот втор мандат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top