| четврток, 6 декември 2018 |

Билиќ: Бодот е за турскиот народ

slaven-bilic

Вест Хем успеа да освои бод на дуелот со Ливерпул (2-2), а менаџерот на „чеканите“, Славен Билиќ го посвети тој бод на настраданите vo бомбашките напади кои се случија во саботата во близина на стадионот на Бешикташ. Славен Билиќ беше тренер токму на Бешикташ, па по мечот со Ливерпул, конференцијата практично им ја посвети на Турците.

-Жално е тоа што се случи на Исанбул. Турскиот народ е најдобриот  народ што сум го запознал. Многу е тажно тоа што се случува во еден од најдобрите градови и во една од најдобрите земји. Луѓето таму се толку добри, пријателски настроени. Сакам да изразам сочуство до семејствата на настраданите и овој бод им го посветувам ним.

Во првото полувреме бевме многу добри, но во вториот дел имавме пад во играта. Како и да е, секоја чест за играчите – истакна Билиќ.

После овој нерешен резултат, Ливерпул се наоѓа на третата позиција со 31 бод, додека пак Вест Хем е на 17-то место со 13 бода, со дури 31 примен погодок во својата мрежа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top