| четврток, 6 декември 2018 |

За да станете милионер, 45 години треба да заштедувате по два долара дневно

Многумина веруваат дека единствен начин за да се стане милионер е да се наследи имот од некој богат предок или да се добие премија на лотарија.

Меѓутоа, американскиот финансиски советник Дејвид Беч не се согласува со ваквото мислење и изработи план за тоа како да се стане милионер до 65-та година од животот преку штедење.

– За да се стане богат, потребно е системско штедење и добар инвестициски план. Не ви требаат многу пари за да стекнете богатство – тврди Беч во својата книга „Паметните двојки стануваат богати“.

Тој наведува дека за да се стекне богатство, треба да донесувате вистински одлуки и да се придржувате до нив.

Беч изработи графикон за штедење на дневна, месечна и годишна основа, со кој, како што тврди, со штедење на по два долари дневно почнувајќи од 20-та година, на 65-годишна возраст ќе можете да станете милионер.

Сепак, многумина сметаат дека овој графикон на Беч претставува добра теорија, која  тешко може да се спроведе во практика, но и признаваат дека со „тргањето на страна“ на по два долари дневно по одредено време може да се заштеди солидна сума.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top