| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ освои 16.240 гласови повеќе од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ со Коалцијата освои 16.240 гласови повеќе од коалицијата на СДСМ на парламентарните избори кои се одржаа вчера. ВМРО ДПМНЕ освои 452.709 илјади или 38,06 отсто, а за СДСМ бројката е 436.469 или 36,69 отсто. Разликата е 1,37 проценти.

Ова се резултатите од обработените гласачки места во сите шест изборни единици, без гласовите од дијаспората. Од Изборната единица 7 (гласовите во странство) во овој собраниски состав најверојатно нема да има ниту едно пратеничко место.

Државната изборна комисија најави дека денеска ќе го соопшти и бројот на освоени пратенички мандати.

Што се однесува до албанскиот политички блок, ДУИ освои најмногу гласови, 86.812 (7,30%). Но, на политичката сцена во Македонија меѓу Албанците се појавија уште две политички партии – движењето Беса со освоени 57.927 гласови или 4,87% и коалицијата Алијанса за Албанците (Движењето за реформи на ДПА и Унитети) кои освоија 35.091 или 2,95 отсто. ДПА освои 31.017 гласа или 2,61 отсто.

Коалициите ВМРО за Македонија (24.449 – 2,06%) и Коалицијата за промени и правда – трет блок  (10.083 – 0,85%) не успеаја да освојат ниту едно пратеничко место.

Новата политичка опција, партијата Левица исто така нема да влезе во Собранието, но бројката од освоени 12.119 гласови (1,02%) претставува голем успех за нив.

ДИК и главните политички партии оценија дека изборите во Македонија поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top