| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски води пред Заев во четвртата изборна единица

Тесна е битката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на територијата на цела Македонија. По обработени 41,12 отсто од гласовите, според податоците на ДИК, владејачката партија е во тесно водство пред најголемата опозициска партија.

Според бројот на гласови што досега се процесирани, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 41,33 отсто од граѓаните, додека за СДСМ гласале 36,38 отсто од граѓаните.

%d0%b8%d0%b5-4

Во изборната единица четири, каде што носители на листите се Зоран Заев од СДСМ и Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, водството го има владејачката партија. За ВМРО-ДПМНЕ гласале 48,26 отсто, а за опозицискиот СДСМ 44,75 отсто од гласачите.

Во изборната единица еден, каде што се повеќето скопски општини, пак, водството го има СДСМ со освоени 42,24 отсто од гласовите, наспроти ВМРО-ДПМНЕ, која има освоено 28,62 отсто од гласовите.

Податоците се од Државната изборна комисија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top