Со оглед на тоа што предизборната кампања помина во одлична атмосфера, без никакви нарушувања на она што се вика кодекс на однесување во предизборието, очекувам и денешниот ден – денот на гласањето да помине во убава атмосфера, бидејќи за Република Македонија ова е празник, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по гласањето во Пробиштип.
– Очекувам дека по пребројувањето на гласовите политичките субјекти ќе ги прифатат резултатите бидејќи тоа е волјата на граѓаните и од тоа нема бегање. На еден начин, со ова отвораме нова страница во нашата историја со влегување во помирни води, со формирање политичка влада, оставање на кризата зад нас и концентрирање на реализација на изборната програма на онаа партија што ќе ја добие довербата од народот- рече Димитриев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Емил Димитриев: Дали владата работи на индустриската зона во Пробиштип?
-
Димитриев: Доаѓаат локални избори, силно се подготвуваме и очекуваме нашата партија и овој пат да има одличен резултат
-
Димитриев: Како и до сега, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на браникот на националните и државните интереси на РМ
-
Димитриев: Историското наследство и делото на Кирил и Методиј е едно од најзначајните богатства на Македонија и македонскиот народ