Во сите 27 избирачки места, 15 од ИЕ 5 и 12 од ИЕ 6, вo општинa Дебар изборниот процес се одвива без проблеми. Од вкупниот број 17.461 гласачи кои се во Единствениот избирачки список, до 13 часот правото на глас го оствартиле 20 проценти.
-Гласањето минува без никакви проблеми. Очекуваме процентот на излезност да биде повисок во попладневните часови- рече секретарот на Општинската изборна комисија, Али Реџа.
Без проблеми се одвива и гласањето во општина Центар Жупа.
-Во оваа општина се гласа на 16 избирачки места. Од 6.352 граѓани со право на глас до 13 часот своето граѓанско право го оствариле околу 16 проценти- истакна претседателот на Општинската изборна комисија за општина Центар Жупа, Ерхан Зубер.
Избирачките места во текот на денов беа посетни од странски набљудувачи, а процесот го следат и набљудувачи на невладината „Мост“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.