| четврток, 6 декември 2018 |

Над 32 проценти излезност во Ресен до 13 часот

predvremeni-parlamentarni-izbori-2016-13-custom

Излезноста до 13 часот во општина Ресен е 32,65 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски.

Од регистрирани 16.562 гласачи во избирачкиот список на 50 избирачки места во општината гласале 5.408 лица.

-Досега нема пријавени ниту забележани нерегуларности. Гласањето се одвива нормално- изјави Пецалевски.

Жителите на Преспа денеска гласаат за една од пратеничките листи во 5. Изборна единица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top