До 10 часот изутринава одѕивот од гласањето на денешните предвремени парламентарни избори е 9,49 проценти од обработени 95,09 отсто од вкупниот број запишани избирачи на ниво на Македонија, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски.
Излезноста во првата Изборна единица е 11,05 проценти, во ИЕ 2 е 9,70 проценти, во ИЕ 3 е 11,36 проценти, во ИЕ 4 е 11,29 проценти, во ИЕ 5 е 9,05 проценти, а во ИЕ 6 одѕивот е 5,10 проценти.
Според Чичаковски, нема информации за поголеми нерегуларности. До ДИК неколку граѓани поднеле приговори за повреда на гласачко право и тие се разгледуваат.
– Сите места се отворени навреме и гласањето тече во сите избирачки места. Гласањето од дијаспората се обработува и кога ќе биде готово ќе биде објавено, рече Чичаковски, одговарајќи на новинарски прашања.
Според заклучениот Избирачки список, право на глас имаат 1.784.416 полнолетни македонски државјани, од кои 1.531.368 во Македонија. На посебниот Избирачки список запишани се 230.122 лица кои согласно евиденцијата на надлежен орган се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Дерковски: Едно гласачко место е поништено бидејќи резултатот намерно бил променет
-
ДИК: Со последните обработени податоци 91,4 отсто за, 5,64 отсто против
-
Нема проблеми при доставата и примопредавањето на гласачките материјали – ДИК ја одржа првата прес-конференција
-
ДИК апелира изборните органи да работат професионално и одговорно, набљудувачите да се придржуваат до Кодексот